Македонска игра со карти · 4 играчи · 2 тима · до 121
Внеси име, влечи карти, играј.
Тековната партија и поените ќе се изгубат.
Нема сметки, нема најава, нема колачиња, нема аналитика и нема реклами. Играта не чува ништо на твојот уред.
Имињата што ги пишуваш се користат само за да се прикажат на масата. Кога споделуваш линк или код, имињата патуваат внатре во тој линк. Тоа значи дека секој што го има линкот ги гледа.
Режимот Со линк праќа пораки преку јавен MQTT сервер (broker.emqx.io, со test.mosquitto.org како резерва). Тие сервери не се мои и не се под моја контрола.
Режимот Со AI не се поврзува никаде. Сè се случува во твојот прелистувач.
Страницата стои на Netlify. Како и секој хостинг, Netlify може да води свои технички логови (на пр. IP адреса) според нивните правила. Јас не додавам никакво следење врз тоа.
Сите звуци се генерираат во прелистувачот. Нема микрофон, нема снимање.
Дизајн и изработка: Milan James.
Четворица играчи, два тима. Партнерите седат спроти себе и не смеат да зборуваат. Се собираат карти од масата, а з'нк носи најмногу поени. Се игра до 121.
Сите на истиот код добиваат иста делба, исти тимови и исти имиња на тимовите.
Партијата завршува кога ќе се одиграат сите карти. Ако со последната карта никој не собрал, преостанатите карти од масата ги зема тимот што последен собрал.
| Најмногу собрани карти | 4 |
| 2 детелина | 2 |
| 10 баклава | 2 |
| Секој кец | 1 |
| Секој џандар | 1 |
| Секој з'нк | 10 |
Вкупно 16 поени по партија, плус з'нковите. При 26-26 карти, оние 4 поени не ги добива никој. Собраните карти и з'нковите се заеднички за тимот.
Партнерите не смеат да се договараат. Единствен исклучок: играч што држи џандар може еднаш во партијата да каже имам да собирам. Само тоа, гласно за сите, и не смее да лаже.
| Ставка | — | — |
|---|